Српската пејачка Милица Тодоровиќ наводно се свршила со своето ново момче Марио, пренесуваат српските медиуми.
Милица Тодоровиќ му изоворила судбоносното „да“ на Марио, пишува „Скандал“.
Како што понатаму наведува споменатиот медиум, пејачката од него добила прстен вреден 150.000 евра.
Милица Тодоровиќ, за потсетување, во емисијата „Амиџи шоу“ откри дека има ново момче.
Имено, ја прашале кога ќе се омажи, а кумот и колега Стеван Анѓелковиќ ја оддал кога е нејзиниот љубовен живот во прашање.
– Постојано зборуваме за тоа, имаме кандидат, мислам дека сега е блиску – рекол Стево, а на тоа Милица реагирала на следниот начин.
– Ти благодарам куме за ова вечерва – се пошегувала пејачката, но не негирала дека има момче.
– Ќе дојдеме на свадба – додал водителот.
– Милица со години живее сама, а Марио престојувал во изајмен стан кога се доселил. Всушност, сега живее кај Милица, но и понатаму ја плаќа недвижноста. Не знам зошто е тоа така, но тој сака да ја испочитува пејачката, која е среќна во нејзиниот дом, па не инсистира тој да се всели. Не му е важно каде живеат, важно му е само да се заедно. Марио е луд по неа, а и таа по него. Се најдоа и ми се чини дека оваа врска на крајот ќе се претвори во она вистинското. Марио ги запознал сите нејзини блиски пријатели, како и колегите од забавната индустрија и тие биле воодушевени. Не се разделуваат, нон-стоп е со неа во нејзиниот стан. Единствено е што не се појавуваат заедно во јавност затоа што засега сакаат да ја чуваат љубовта во тајност – рекол извор за „Блиц“.
Пејачката својот избраник не сака да го претставува во јавноста бидејќи веднаш ги покажуваше претходните партнери, а тоа се покажа како лош потег. Милица досега не се огласила на оваа тема.
Марио наводно вози скапо бентли. Тие се на иста возраст, а тој и Милица добро се согласуваат, па сè повеќе се шпекулира дека наскоро ќе се слушнат свадбени ѕвона, бидејќи тој многу се труди околу неа, вели извор за српските медиуми.