Ќе се усовршат методите за рана детекција на рак

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Загрижувачкиот раст на малигните заболувања, особено кај помладите, го поставува раното откривање како врвен приоритет. Последниве години се забележува зголемен опфат на скринингот за дојка и скринингот за рак на грло на матка, во споредба со претходните години. Државата вложува во набавка на опрема и во постепена замена на аналогната технологија со дигиталната, а планирано е проширување на програмата за скрининг на рак на црн дроб. Сепак, потребни се посеопфатни мерки во однос на самата превенција, посочија говорниците на денешната дебата во Владата по повод Светскиoт ден за борба против ракот – 4 Февруари.

Заменик министерот за здравство, Јовица Андоновски, на дебатата посочи дека Министерството за здравство се залага за достапна, квалитетна и праведна здравствена заштита за сите граѓани. Тој информираше дека Министерството веќе спроведува национален скрининг за рак на дојка, грло на матка и за дебело црево во согласност со препораките на Европска Унија и СЗО.

– Програмата за рана детекција со скрининг на малигни заболувања е единствена од ваков вид, базирана на европски искуства со континуирани подобрувања во квалитетот на методологијата – рече Андоновски.

Во 2025 година ќе се прошири програмата за скрининг на рак на црн дроб

Andonovski напомена дека во 2025 година е планирано проширување на програмата за скрининг на рак на црн дроб и воведување дигитални модули за следење на процесот во реално време. Како што додаде, националните студии за малигни заболувања овозможуваат засновани политики и ефикасно распределување на ресурсите.

Тој напомена дека буџетот за оваа програма за 2025 година изнесува 23.000.000 денари.

Како што рече, според податоците кои што се обработени, опфатот на скрининг на дојка од 2023 година до октомври 2024 година е на 12.473 жени, а за матка опфатот е 50.529 жени, во истиот тој период.

– Забележан е зголемен опфат на скринингот за дојка и на скринингот за рак на грло на матка. Ова се податоци кои говорат за значително зголемување на опфатот во споредба со претходните години. Во рамки на програмата за скрининг на дојка се опфаќаат жени од 40 до 69 години, кои имаат можност да се пријават самостојно на интернет страницата и сега, со оваа програма во 2025 година, ќе се овозможи и закажување скрининг преку матичниот лекар – рече Андоновски.

Аналогната технологија ќе се замени со дигитална

Андоновски напомена дека државата вложува и во набавка на опрема и во постепена замена на аналогната со дигитална технологија како што тоа го направиле во изминатиот период со набавка на нови дигитални манометри и тоа во Здравствениот дом „Железничар“, Универзитетската клиника „Св Наум Охридски“, болниците во Дебар, Куманово, Струга, Тетово и во Институтот за радиологија, „Осми Септември“.

– Во овие установи, покрај тоа што се опремија со нови монометри, дополнително се набавија ехо апарати. Во 2025 година првпат се воведе скрининг за рак на црн дроб. Министерството е во интензивни напори оваа година да обезбеди систем за дигитално поврзување на постоечката опрема за скрининг на рак на дојка – рече заменик министерот за здравство.

- Advertisement -
Ad image

ХПВ тестовите како начин за рано откривање рак на грло на матка

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на дебатата посочи дека се разговара со матичните гинеколози околу вклучувањето на ХПВ тестовите како начин на рано откривање рак на грло на матка.

Според него, ни требаат посеопфатни мерки за сузбивање на пушењето во земјата бидејќи сме со земјите со релативно највисок процент на пушачи.

– Дилемите што ги имаме во Фондот во однос на превенција и рано откривање е дека понекогаш потешко решаваме да одвоиме 100.000.000 денари за превентивни прегледи за рак на простата, а не би имале проблем тие 100.000.000 да ги одвоиме во буџетот за лекување бидејќи сѐ уште сме премногу фокусирани на третман, а недоволно на превенција и на рано откривање – рече Клековски.

- Advertisement -
Ad image

Тој напомена дека се зборува за зголемување на ПЕТ скеновите од 2.000 на 3.000 годишно, за што ќе биде потребна набавка на втор ПЕТ скенер. За ова, како што рече, постојат услови во самата институција, но дека работат на финансиската консткрукција.

Се зголеми буџетот за Онкологија

– Она што сега го направивме за радиотерапија на Онкологија е големо зголемување на буџетот, во 2025 година тој ќе изнесува 3 милијарди денари или 49.500.000 евра. Буџетот расте и на хематологија, и во 2025 година ќе изнесува 808.000.000 денари – рече Клековски.

Тој напомена и дека овозможиле пониски цени на одредени лекови за 10 до 30%.

– Побаравме да се утврдат нови големопродажни цени (ГПЦ) за лекови каде што не се направени измени. Преговаравме со производителите, фармацевстките куќи, и обезбедивме за најголем дел од лековите пониски цени за 10 до 30%. Имаме лекови кои неколку години се со иста продажна цена и наше очекување е дека со текот на годините големопродажната цена треба да се намалува – додаде Клековски.

Нов акцелератор е ставен во употреба

Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО), Игор Стојановски, на дебатата информираше дека е ставен во употреба нов акцелератор. Тој рече дека имаат 3 современи акцелератори со сите модерни радио тераписки техники.

Стојановски дополни дека за новиот акцелератор во тек се дополнителни проверки и набргу ќе се овозможи третман на пациентите со стереотактична метода.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојановски, пак, посочи дека во моментот кадрите се на обука на Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија, и според комуникацијата, која ја имаат со директорот, кадрите веќе се подготвени годинава да почнат со таблетарна и со супкутана апликација на онколошката терапија.

Share This Article