Новиот предизвик меѓу тинејџерите на интернет не е само опасен, туку и смртоносен. Децата и младите се натпреваруваат на Тик-ток за да видат кој може да проголта најмногу таблети парацетамол, објавија швајцарските медиуми.
Неколку кантони во западна Швајцарија предупредија на опасниот „Парацетамол предизвик“, пишуваат веб-страниците Свисинфо и Швајцарско радио и телевизија (РТС). Предизвикот потекнува од САД, но последниве денови зема замав во Швајцарија.
– Ако се надмине одредена количина, односно 3 до 4 грама дневно за возрасен, лицето веќе е изложено на ризик да си го труе црниот дроб – вели Керолин Самер, раководителка на одделот за фармакологија и клиничка токсикологија во Универзитетските болници во Женева.
Лекот што луѓето најчесто се користи за вируси, настинки, трески и за главоболки се продава насекаде без лекарски рецепт. Некои луѓе развиваат тешки и опасни по живот алергии на оваа супстанца.