Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во југоисточните делови ќе има повремена појава на слаб дожд кој ќе преминува во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во делови од котлината наутро магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Поради продор на постудена воздушна маса ќе има појава на слаб снег, а до утре ќе се задржи северниот ветер кој повторно ќе засилува.
Утре и во четврток краткотрајно ќе биде стабилно, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има појава на слаб дожд, на планините понекаде ќе провејува снег. Утринските температури до крајот на работната недела ќе бидат во опаѓање.