Албумот на Шакира, „Las Mujeres Ya No Lloran“ беше награден со Греми за најдобар латино поп албум, а по тој повод Шакира ја почести публиката со својот прв настап на наградите по 18 години.
Колумбиската пејачка ги воодушеви своите фанови со стомачниот танц, а потоа го отпеа својот голем хит Shakira: Bzrp Music Sessions Vol. 53, во која таа пееше за изневерувањето на нејзиниот партнер Жерар Пике.
Во својот говор Шакира наградата што ѝ ја врачи Џенифер Лопез им ја посвети на сите имигранти во САД, велејќи: „Секогаш ќе се борам со вас!“ Нејзиниот говор е одговор на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за масовните депортации, поради кои многу имигрантски заедници се плашат. Но, покрај политичката порака, таа испрати и лична порака до нејзините омилени момчиња – синовите Саша (10) и Милан (12), кои ги доби во врската со пензионираниот фудбалер Жерар Пике.
– Сакам да ја споделам оваа награда со моите деца. Многу сум горда на вас, на вашата добрина. Ви благодарам што ме поддржувате – им рече таа на децата, кои ја гледаа како ја добива наградата од публиката.
Пејачката блесна облечена во блескав златен комплет од два дела, со златни налепници на стомакот.