Background

ЌЕ ИМА ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ За петок е закажана јавна расправа

Членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците со 11 гласа „за“ денеска изгласаа одлука в петок во Собранието да се одржи јавна расправа на тема „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот“.

За оваа одлука поддршка искажаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ, Левица и Европскиот фронт. На седницата на Комисијата не присуствуваа пратеници од СДСМ.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески истакна дека безбедноста на граѓаните мора на сите да им биде приоритет, а тоа, како што рече, значи промени во законите кои ќе обезбедат заштита, превенција и и ефикасни институционални реакции.

- Advertisement -
Ad image

– Врз основа на членовите 128 и 129 од Деловникот на Собранието бараме да се организира јавна расправа, имено јас заедно со колешката Мерита Колчи Коџаџику од Вреди и Бобан Карапејовски од ЗНАМ поднесовме известување за потреба од одржување на јавна расправа заради анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот. Владејачкото мнозинство во насока на подобрување на законската регулатива ќе побара доуредување и допрецизирање на истата. Време е за сериозни чекори и системски решенија. Безбедноста на граѓаните мора да ни биде приоритет на сите, а тоа значи промени во законите кои ќе обезбедат заштита, превенција и и ефикасни институционални реакции. Порачуваме и повикуваме до сите дека намерата за стручна и експертска дебата е приоритет и како владејачко мнозинство нема да дозволиме политизација на оваа тема. Нас ни требаат издржајни решенија, а не политичка некрофилија и злоупотребување на моментот. Ги повикувам сите пратеници без разлика дали се од власт или опозиција, да ја поддржаат оваа иницијатива и да застанеме зад неа еднаш сите заедно за изнаоѓање на системски решенија и решавање на проблемите со кои се соочуваме – рече Мицески.

Пратеникот на Левица, Ама Мециновиќ рече дека нивната пратеничка група ќе ја поддржи иницијативата за јавна расправа.

– Нашите видувања, иако ја поддржуваме, можеби попаметно беше да имаме надзорна расправа за да видиме и за имплементацијата на регулативата и за нејзината злоупотреба, а не самод а дискутираме за некои законски решенија, но сепак сега е време да се поддржи оваа иницијатива за јавна расправа и ние ќе ја поддржиме – рече Мециновиќ.

И пратеникот на „Европскиот фронт“, Елми Азири ја искажа поддршката на својата пратеничка група за оваа иницијатива од власта.

– Веруваме дека во јавната расправа ќе произлегуваат и други предлози кои же дадат друг предизвик којшто ќе допираат и други точки кои се однесуваат со правото и со правниот систем воопшто, бидејќи видовме и во текот на овие денови каде што во правото според моето оценување не е работено како што треба – рече Азири.

Иницијативата за одржување на јавна расправа произлезе по случајот на Фросина Кулакова, 22-годишната модна дизајнерка од Неготино која во среда беше прегазена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди од 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин.

На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation