Судијата Ивица Стефановски го отстрани од судницата првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, откако тој се побуни дека ги немал некои од доказите.
Обвинителката на денешното рочиште презентираше фотографии, меѓу кои од куќата и од дворот на Жежовски. Покажа фотографии од местото каде бил пронајден мобилниот телефон на Панче, фотографии од домот на Велибор Манев, од одземените предмети, од камерите со кои се снимани видеата.
Беа покажани и фотографии од претресот на домот Боре Видевски, како и фотодокументација од увидот на местото каде што е најдено телото на Панче, која содржи фотографии од телото, дупката, чаурата…
Судијата Стефановски побара фотодокументацијата да биде изработена во хартиена форма за да биде доставена до одбраната и го повика Палевски да се врати во судницата.
Судењето продолжува во петок, за кога е најавено сведочење на Гоце Трајковски.