Револтот не стивнува – толпата граѓани пристигна пред зградата на Основниот кривичен суд, барајќи правда за трагично загинатата Фросина Ќулакова.
Студентите, кои се во првите редови на протестот, јасно порачаа: „Бараме затвор за возачот!“
Од мегафонот одекнуваше гневното прашање на граѓаните: „До кога ќе се префрла топката од институција до институција? Дали треба сите да заминеме од државата?“ – зборови што го одразуваат разочарувањето од правосудниот систем и неговата (не)ефикасност.
По триминутен молк во чест на Фросина и сите жртви на сообраќајни несреќи, толпата продолжи со силни скандирања: „Убијци!“, „Бараме правда!“, „Нема да ви помине!“