Интересот од тоа е профитот за бизнисот и стандардот на граѓаните

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ценам дека како Влада секогаш сме биле, во овие месеци откако сме влада, а и претходно како опозиција, партнер на бизнисот. Така и ќе продолжиме да бидеме и во иднина, мислам дека бизнисот и Владата треба да се партнери и партнерски да соработуваат и да се надополнуваат. И тука нема ништо лошо, нити пак нешто чудно, истакна премиерот Христијан Мицкоски кој денеска заедно со претседателот на Стопанската комора го одбележа почетокот на работењето на нова институција, Институт за извоз.

– Јас мислам дека само на тој начин можеме да бидеме и поконкурентни. Добра е оваа можност што денеска најголемите регионални комори се тука заедно со нашата најголема комора, би рекол. На тој начин ќе можат заеднички да дискутираат за иднината и за сето она коешто претставува план, регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари, бидејќи ценам дека полека но сигурно ќе треба заедно да се вмрежуваме и заедно да настапуваме во намерата да бараме нови пазари – рече Мицкоски.

Првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески рече дека јавно-приватниот дијалог е секогаш начин да се излезе од секоја тешка состојба.

– Имаме стратешки цели, имаме нови алатки, за да излеземе во пресрет на предизвиците, а тоа ќе го направиме ако сите чинители на економската политика си ја работат својата работа, водат дијалог и доаѓаат до најдобрите решенија што за бизнисот е профитот, а за граѓаните е стандардот – рече Азески.

Share This Article