Нов бојкот на продавници и сервиси во Хрватска, продавниците речиси празни

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Хрватска изутринава почна нов еднодневен бојкот на сите продавници, производи и услуги во организација на потрошувачката платформа „Ало инспекторе“ поради високите цени.

За големиот одзив на граѓаните сведочат речиси празните дуќани и трговски центри во Загреб кои ги посетуваат само неколку граѓани, а фотографии од празни продавници низ земјава се објавени на хрватските портали и на платформата „Ало инспекторе“ на социјалните мрежи од утрово.

Граѓаните се повикуваат на бојкот и на трговијата и на услугите. Потрошувачката платформа „Ало инспекторе“ ги повика граѓаните денеска покрај продавниците да ги бојкотираат платежните трансакции, угостителските објекти, сместувањето, превозот, доставата и телекомуникациските услуги.

Дополнително, од вчера е во сила седумдневен бојкот на три трговски синџири Лидл, Еуроспин и ДМ, бидејќи нивните производи во Хрватска се поскапи отколку во другите земји од ЕУ. Дополнително, седум дена во сите продавници има бојкот на купување на три вида производи за кои потрошувачите собрани околу платформата „Ало, инспекторе“ забележале дека цените им се енормно зголемени – Кока-Кола и други газирани пијалоци, флаширани. вода и сите видови детергенти.

Јосип Келемен од платформата „Ало инспекторе“ утринава изјави дека со новиот бојкот граѓаните сакаат да испратат силна порака до сите оние кои не постапиле за сузбивање на поскапувањата и инфлацијата.

„Денес ќе покажеме дека можеме да поминеме цел ден без пазарење и услуги, а со тоа ќе испратиме силен глас и порака до сите оние кои досега не дејствувале“, изјави Келемен за Хрватската радио телевизија.

Бојкотот беше поддржан од здруженијата на потрошувачи, политичките партии, синдикатите и владата.

Премиерот Андреј Пленковиќ вчера, по разговорите со претставници на трговските синџири и производители, изјави дека се проширува списокот на производи со ограничени цени, кој сега ќе содржи 70, наместо досегашните 30 производи.

„Државата реагираше, но мора да се вклучат и други“, рече Пленковиќ, нагласувајќи дека „никој немаше да банкротира ако цените беа малку поумерени“.

- Advertisement -
Ad image

Во екот на бојкотот, еден од најголемите трговски ланци – Конзум вчера најави дека од сабота ќе ги намали и заклучи цените на 250 домашни производи кои не се вклучени во најавената владина одлука за ограничување на цените.

Кауфланд денеска најави и попусти, најавувајќи дека ќе ги намали редовните цени за повеќе од илјада производи.

На првиот бојкот на продавниците минатиот петок се јавија голем број граѓани. Според податоците на Даночната управа, вкупниот број на издадени фактури во малопродажбата на денот на првиот бојкот, петок, 24 јануари, е за 44 отсто помал од седум дена претходно, а вкупниот износ на издадени фактури е помал за 53 отсто.

- Advertisement -
Ad image

Здружението „Гласот на претприемачите“ во четвртокот објави отворено писмо до политичарите кои се приклучуваат на бојкотот на трговските синџири. Во него тие наведоа дека огромното мнозинство на причините за инфлацијата произлегуваат од одлуките на политичарите, а не на претприемачите. Затоа, тие им предложија на политичарите три чекори за ограничување на поскапувањата – намалување на ДДВ на храната, објавување на цените на малопродажниот синџир и намалување на државните трошоци со укинување на 50 отсто од општинските даноци.

Share This Article