Возачот кој ја усмрти Фросина има неколку кривични пријави

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Возачот кој ја усмрти 22-годишната Фросина на булеварот Партизански Одреди имал кривична пријава за уште една сообраќајна незгода од 1 февруари 2023 година. На 4 ноември 2022 година В.Ј. учествувал во негзода во која едно лице се здобило со полесни повреди, обзнани Jaвното обвинителство.

„Јавниот обвинител донесе решение да не се презема кривично гонење, а осомничениот се согласи да уплати 18.000 денари во Буџетот на РСМ. Освен ова, МВР поведе и прекршочна постапка за возење без возачка дозвола. Други кривични пријави против лицето не се поднесени“, дополнуваат од обвинителството.

Во четвртокот во соопштение на Јавното обвинителство беше појаснето и дека против 20-годишникот претходно имало две пријави за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции.

Како што соопштија од Обвинителството, на 30 март 2024 година, Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против осомничениот за кривично дело според член 215 од Кривичниот законик. Веднаш истиот ден, јавниот обвинител донел наредба за поведување истражна постапка и предложил мерка притвор.

Осомничениот бил достапен на органите на прогонот од 2 април 2024 година и веднаш започнал да ја издржува мерката притвор. Од Обвинителство велат дека истрагата завршила за помалку од два месеци, а на 21 мај 2024 година јавниот обвинител поднел обвинителен акт и побарал продолжување на мерката притвор, што било прифатено.

„Притворот беше продолжен до 31 јули 2024 година, кога Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која го огласи осомничениот за виновен и му изрече воспитна мерка – упатување во воспитно поправен дом, укинувајќи ја притворската мерка“, велат од Обвинителство.

Дополнуваат дека на 30 септември 2024 година, јавниот обвинител вложил жалба незадоволен од пресудата, барајќи построга казна. Жалбата била во однос на воспитната мерка, бидејќи за притворот не е дозволена жалба.

Осомничениот, на 29 јануари, управувал возило „Пежо 207“ без возачка дозвола и под дејство на алкохол, при што удрил во пешакот Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која починала на лице место. Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот.

Обвинителството исто така обзнани дека осомничениот поминал на црвено светло.

- Advertisement -
Ad image

Од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ побараа максимална казна за сторителот и итно дејствување од институциите.

Share This Article