Канцелариите на американскиот Конгрес се предупредени да не ја користат кинеската апликација за вештачка интелигенција DeepSeek, објави американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на известување, испратено до канцелариите од главниот административен директор на Претставничкиот дом (ЦАО).
Во известувањето се наведува дека DeepSeek моментално е под контрола на ЦАО.
Појавата на евтиниот кинески модел на вештачка интелигенција (ВИ) ја загрози доминацијата на пазарот на лидерите со ВИ со седиште во САД, како што се OpenAI и Google’s Alphabet.
Кинеската компанија за развој на ВИ, DeepSeek, објави отворена верзија на својот модел R1, кој привлече големо внимание, бидејќи напредниот модел по некои параметри е подобар од американските производи и во исто време е направен по значително пониска цена.