Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Температурите ќе бидат во интервал од -1 до 17 степени.
Во Скопје претпладне се очекува појава на магла, а во текот на денот сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурите ќе бидат во интервал од 5 до 15 степени.
Денеска и во сабота времето ќе биде стабилно и релативно топло, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во недела кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен слаб снег.
Услови за повремени локални врнежи претежно од снег ќе има и во вторник. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во опаѓање.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
