Кривична пријави за екс помошник министер во МВР

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ж.Т. во својство на помошник министер во Министерството за внатрешни работи и против А.С. во својство на раководител на Сектор за набавки, менаџмент и логистика во Министерството за внатрешни работи поради основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст.4 во врска со ст.1, од Кривичниот законик.

Според пријавата, првопријавениот помошник-министер Ж. Т. во 2018 година свесно  неизвршувајќи ги своите службени овластувања и со однапред утврдена намера, не донел одлука за јавна набавка на услуги за сервисирање на возилата во сопственост на МВР, иако според годишниот план таа набавка требало да се спроведе во декември. Целта му била следната година возилата да ги сервисира во итна постапка.

„Тој не презел дејствија за редовната постапка и ја загрозил безбедноста на вработените во МВР, со што ги довел возилата во состојба на дефектажа и неможност да се сервисираат. Со тоа свесно ги довел сите во состојба на итност, со намера да се спроведе итна постапка со преговарање, без објавување на оглас за поправка и сервисирање на патничките и на товарните моторни возила. Во таа итна постапка биле испратени покани само на одредени економски оператори“, соопшти Финасиската полиција.

Второпријавената А. С. во својство на началник на Секторот за набавки, менаџмент и логистика при МВР, чија должност била да ги спроведува одлуките донесени од помошник министерот, иако била должна да задолжи лице кое ќе објави оглас за јавна набавка од отворена постапка, не го сторила тоа и на тој начин не овозможила на други заинтересирани економски оператори да учествуваат во истата постапка, се додава во соопштението.

„Врз основа на тоа, првопријавениот Ж. Т. склучил рамковна спогодба по итна постапка со преговарање без објавување на оглас. На тој начин првопријавениот, заедно со второпријавената овозможиле противправна имотна корист за носителите на набавката Коп Компани ДООЕЛ Скопје, Пржо Автокомплекс ДООЕЛ Битола, Аутомакедонија АД Скопје, ДТУ Авто сервис Раде ДООЕЛ увоз-извоз с. Теарце Тетово и МИ – ДА Гранд Моторс ДОО Скопје, по 9.440.000,00 денари поединечно за секој правен субјект, односно вкупен износ од 47.200.000 денари со ДДВ“, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Share This Article