ВЛАДАТА ДОНЕСЕ НЕКОЛКУ ОДЛУКИ НА ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„На денешната 46. владина седница, донесовме низа важни одлуки кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на сите вас, да ја зајакнеме нашата економија и да ја подобриме транспарентноста“.

Вака изјави портпаролката на Владата Марија Митева, образложувајќи ги одлуките, меѓу кои и усвојувањето на двата договори со кои станува оперативен унгарскиот кредит од 250 милиони евра наменет за фирмите.

Во продолжение следи соопштението на Митева:

„Одлуката број 1 е економска мерка. Се усвоија двата договори за кредитната линија од 250 милиони евра наменета за бизнисот со што средствата ќе станат оперативни. Ова ќе претставува позитивен импулс за компаниите, со исклучително поволни услови, рок на отплата до 15 години, 3 години грејс период и каматна стапка од 1,95%. Се надеваме на пројавување на голем интерес.

Одлуката број 2 се однесува на Зајакнување на системот на јавните набавки како дел од Реформската агенда каде се предвидени повеќе реформи во делот на управувањето со јавните финансии. Европската комисија повеќе години во извештаите за напредокот го критикува пречестото користење електронски аукции и истото го посочува како битен недостаток во системот на јавните набавки.

За таа цел Владата ја разгледа Информацијата за обврската за намалување на процентот на електронски аукции во јавните набавки во 2025 година да се намали до најмногу 40% од бројот на објавените постапки и ги задолжи и им препорача на сите органи на државната управа да преземат мерки за намалување на бројот на електронски аукции во јавните набавки.

Конечно, како дел од нашата постојана заложба за навремено постапување се однесува и денешната одлука со која Владата го утврди и го доставува до Собранието полугодишниот законодавен преглед со предлози на закони и други акти по кои одлучува Собранието и истиот согласно динамиката вклучува 60 законски решенија произлезени од Програмата за работа на Владата.

Почитувани граѓани, транспарентноста и отчетноста се сржта на работата на нашата влада, нашата примарна цел е да ве доближиме Вас до одлуките што ги носиме. На овој начин, точно знаете што прави вашата влада за да го подобри вашиот секојдневен живот.

Ве охрабрувам да останете информирани за нашата работа и да ги споделите со нас вашите размислувања, бидејќи вашиот глас игра клучна улога во обликувањето на нашите политики!“, соопшти Митева.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article