Рама го демантираше извештајот на израелската телевизија Канал 12 во кој се тврди дека неговата влада преговара со администрацијата на Трамп, за да прими околу 100.000 Палестинци од Газа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Албанскиот премиер Еди Рама го демантираше извештајот на израелската телевизија Канал 12 во кој се тврди дека неговата влада преговара со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, за да прими околу 100.000 Палестинци од Газа.

„Одамна не сум слушнал нешто толку лажно, а во последно време има многу лажни вести! Апсолутно не е точно“, напиша Рама на Икс.

Изразувајќи целосна почит и солидарност со граѓаните на Газа, Еди Рама рече дека Албанија никој не ја прашал, ниту пак, размислува да преземе таква одговорност.

„Ние сме горди на нашето цврсто пријателство со Израел, ОАЕ, Саудиска Арабија, Катар, со Кувајт и секако со палестинскиот народ, чија држава Албанија одамна ја призна“, додаде албанскиот премиер.

Истакнувајќи дека Албанија не е на Блискиот Исток, тој рече дека земјата „од срцето на Европа не може да направи ништо повеќе од која било друга европска земја“.

„Сепак, посакуваме и се молиме на палестинскиот народ да му се даде можност да живее во сопствена држава, како слободни луѓе под демократска власт“, заклучи Рама.

Израелскиот Канал 12 јави дека Израел верува дека повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Јордан и Египет да прифатат палестински бегалци е нереален и оти Вашингтон бара други домаќини, како што е Албанија. Ен-Би-Си Њуз претходно овој месец јави дека САД ја разгледуваат и Индонезија како место за прифаќање на Палестинци од Појасот Газа.

Трамп го даде својот контроверзен предлог во саботата, сугерирајќи дека е време да се „исчисти“ Појасот Газа и да се преселат Палестинците во Јордан и во Египет. Палестинските, јорданските и египетските власти категорично го отфрлија предлогот на Трамп.

Share This Article