Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ го осуди нападот врз студентите што се случи синоќа во градот.
„Барам полицијата итно да ги пронајде и уапси сторителите, а обвинителството да спроведе брза и ефикасна истрага и да ја информира јавноста за резултатите“, напиша Милан Ѓуриќ во објавата на Инстаграм.
Градоначалникот на Нови Сад рече и дека очекува напаѓачите на студентите да бидат казнети согласно законот, бидејќи никој не треба да остане над законот.
Тој додаде дека таков инцидент е неприфатлив во Нови Сад, „град на толеранција, дијалог и меѓусебно почитување“.
„Ги повикувам сите граѓани на воздржаност. Апелирам до сите да останат посветени на дијалог и разбирање за да се избегнат понатамошни ескалации и тензии“, рече Ѓуриќ.