Георгина Родригез, партнерката на познатиот Кристијано Роналдо, наполни 31 година, а славниот фудбалер со емотивна порака јавно ѝ го честиташе роденденот.
„На мајката, партнерката, пријателката, мојата сопруга… Среќен роденден љубов моја. Твојата светлина нè осветлува, а твојата љубов не исполнува”, напиша тој во описот на заедничката фотографија на која позираа во теретана. Георгина брзо му одговори.
„Те сакам многу и го сакам она што сме, кога сме заедно“, напиша таа.
Објавата на Роналдо со роденденската честитка кон Георгина за неполни 24 часа собра 9 милиони „лајкови“.
Двојката се запознала во 2016 година, кога Роналдо дошол во продавницата на Гучи во центарот на Мадрид каде Георгина била вработена.
„Се тресев цела кога го видов. Веднаш ми го привлече вниманието. Запали некаква искра во мене“, се присети таа подоцна.