Гугл објави дека ќе го смени името на Мексиканскиот Залив во „У.С. Залив“ на „Гугл мапс“ откако администрацијата на Доналд Трамп ги ажурираше своите „официјални владини извори“.
Компанијата исто така соопшти дека ќе почне да го користи името „Mount McKinley“ за планината на Алјаска, која моментално се нарекува Денали, пишува CNBC.
Минатата недела, претседателот Доналд Трамп потпиша извршни наредби, вклучително и наредба за промена на тие имиња на официјалните карти и во федералните комуникации.
„Добивме неколку прашања за имињата во „Гугл мапс“, соопшти компанијата во објавата на платформата X. „Имаме долгогодишна практика да ги менуваме имињата кога тие се ажурираат во официјални владини извори.
Google додаде дека името на Мексиканскиот Залив ќе остане прикажано на корисниците во Мексико. Корисниците во другите земји ќе ги видат двете имиња, соопшти компанијата.
Трамп рече дека ќе го врати името на поранешниот претседател Вилијам Мекинли на планината. Тој изјави дека Мекинли „ја направил земјата многу богата“ преку тарифите и талентите.
Планината се викаше Маунт Мекинли до 2015 година, кога администрацијата на претседателот Барак Обама ја преименуваше во Денали како симболичен гест за домородците од Алјаска.