Background

Легендарниот југословенски кошаркар Дражен Далипагиќ почина утрово во Белград на 75-годишна возраст по долго и тешко боледување

Легендарниот југословенски кошаркар Дражен Далипагиќ почина утрово во Белград на 75-годишна возраст по долго и тешко боледување, објави КК Партизан, клубот во чија историја најдобар стрелец е Далипагиќ.

„Далипагиќ е најдобриот стрелец во историјата на БК Партизан, поранешен југословенски репрезентативец, легенда на светската кошарка и човек со неповторлив карактер“, стои во почетокот на клупското соопштение за смртта на легендарниот „Праја“.

Далипагиќ е роден во Мостар на 27 ноември 1951 година. Тој е член на Куќата на славните и освојувач на најголемите натпреварувања на клупско и на репрезентативно ниво.

- Advertisement -
Ad image

По Далипагиќ низ Партизан поминаа мноштво големи играчи и легенди на светската кошарка, но никој никогаш не се доближи до 8.278 поени. Далипагиќ го носеше дресот на Партизан од 1971 до 1980 година, како и во сезоната 1981/82 година. Со црно-белите освои две титули (1976 и 1979 година), Купот на СФРЈ и два европски купа Радивоје Корач во 1978 и 1979 година, а со репрезентацијата на Југославија – сè“, потсетува Партизан.

Далипагиќ беше олимписки, светски и европски шампион. Тој беше избран меѓу 50-те луѓе кои придонесоа најмногу во Евролигата и меѓу 50-те најдобри играчи на ФИБА. Дражен Далипагиќ играше во синиот дрес на Европските првенства во 1973, 1975, 1977, 1979, 1981, 1983 година, на Светските првенства во 1974, 1978, 1982, 1986 година и на Олимписките игри во 1984 и 1986 година.

Тој одигра вкупно 243 натпревари од 1973 до 1986 година. На светските првенства освои злато 1978, сребро 1974 и бронза 1982 и 1986. На Олимписките игри освои злато во 1980 година, сребро во 1976 година и бронза во 1984 година. На Европското првенство освои злато во 1973, 1975 и 1977 година, сребро во 1981 година и бронза во 1979 година.

На индивидуален план Далипагиќ е добитник на бројни награди и признанија! Прогласен е за најдобар кошаркар на Европското првенство во 1977 година, а за најдобар кошаркар во Европа во 1977, 1978 и 1980 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation