Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена во декември минатата година на концерт во Арена Загреб ја скрши ногата кога снимател падна низ бината и тоа директно врз неа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена во декември минатата година на концерт во Арена Загреб ја скрши ногата кога снимател падна низ бината и тоа директно врз неа.

Лепа Брена по несреќата веднаш беше оперирана во Загреб, а екипата на „Блиц“ денеска на белградскиот аеродром го „уловила“ нејзиниот сопруг Бобо Живојиновиќ додека се враќале од Тајланд.

Брена била во количка, додека Боба ја следел во чекор.

Боба ја презел одговорноста и за куферите, од кои биле два, заедно со ќесето и чантата.

Инаку, Брена по излегувањето од болницата во Загреб и враќањето во Белград, откри дека по несреќата ѝ дале лекови за смирување.

– Не можев да спијам од шок, дури кога ми дадоа нешто да се напијам за смирување, успеав да ги затворам очите неколку часа. Следниот ден ми помина во враќање на филмот како тоа ми се случи. Секако дека плачев, бев многу тажна, но сфатив дека, како и сè тешко што ми се случило во животот, така и ова ќе заврши. Сфатив дека ќе станам и ќе одам и дека сè ќе биде во ред. Плачев, се изнаплакав. Но, ниту денес не можам да ја гледам таа снимка, бидејќи ме расплакува – рекла балканската музичка ѕвезда која веднаш по новогодишната ноќ отпатувала со семејството на егзотична дестинација, за нејзиното закрепнување од операцијата да биде што побрзо и успешно.

Фотографиите од Лепа Брена можете да ги погледнете ТУКА.

Share This Article