Background

Министерката Јаневска им одговори на гимназиските професори

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска во изјава за медиумите рече дека не е точно оти предметите филофозија и логика се исклучени од концептот за реформа во гимназиското образование откако дел од гимназиските професори по овие предмети преку отворено писмо оценија дека е самоубиствено да се предлага концепција за гимназиско образование без филозофија, логика и етика.

– Не е точно, ниту филозофија, ниту логика се исклучени. Но, како и да е, ова е драфт верзија поставена на јавна расправа. Сега прибираме сугестии, забелешки, предлози и откако ќе заврши јавната расправа ќе донесеме дефинитивен заклучок. Пред два дена бев на Филозофски факултет, имав средба со професорите од Филозофскиот факултет, разговаравме многу конструктивно. Очекувам и нивна поддршка, затоа што ги сослушавме и ќе постапуваме по заеднички препораки, но првенствено во корист на учениците – изјави Јаневска.

Во однос на предметот Сексуално образование, министерката посочи оти овој предмет останува како слободен изборен предмет во деветто одделение и продолжува во средното образование.

- Advertisement -
Ad image

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието информираа дека е изработена Нацрт-концепција за реформи во гимназиското образование и ги повикаа сите наставници, ученици, родители, експерти и заинтересирани страни со мислења, предлози и забелешки да се вклучат во јавната дискусија за усвојување на најдобрата верзија. Целта, како што посочија, е да обезбеди современ, инклузивен и конкурентен образовен систем, а коментари може да се испраќаат на веб страницата на Бирото за образование најдоцна до 31 јануари.

За студентскиот оброк и во однос на тоа дали ќе се зголеми сумата или бројот на студенти, Јаневска нагласи дека се чека на резултатот од преговорите меѓу студентите.

– Ставот е сосем јасен, веќе неколкупати сме го договориле . Во овој момент очекуваме резултат од преговорте меѓу студентите. Штом ќе го добиеме така и ќе постапиме – рече Јаневска, која денеска присуствуваше на промоцијата на првиот интегриран учебник по гинекологија и акушерство напишан на македонски јазик.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation