Една од поранешните девојки на Шон Диди Комбс, канадската манекенка Кет Пејшион, откри неколку непознати детали од нивната врска

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Една од поранешните девојки на Шон Диди Комбс, канадската манекенка Кет Пејшион, откри неколку непознати детали од нивната врска.

Во претстојниот документарен филм „Падот на Диди“ (The Fall of Diddy), таа се присетила на некои вознемирувачки ситуации.

 

Кет и Диди почнаа да се забавуваат во 2018 година, по неговото раскинување со Кеси Вентура. Наводно, Диди и рекол на манекенката дека со неа ќе биде поинаков, но Кет рекла дека за време на расправијата и ја ставил раката околу грлото.

Кат и Диди почнале да се забавуваат во 2018 година, по неговото раскинување со Кеси Вентура. Наводно, Диди и рекол на манекенката дека со неа ќе биде поинаков, но Кет рекла дека за време на расправијата ѝ ја ставил раката околу грлото.

„Немој да се осмелиш, ќе повикам полиција“, наводно му рекла Кет, на што Диди се насмеал и рекол дека само се шегува.

Уште еден детаљ што ја вознемирил се случил кога заедно гледале документарниот филм за Р. Кели, кој е осуден за сексуален напад и силување и се наоѓа во затвор.

„Во сите нас има по малку Р. Кели“, наводно коментирал Диди.

Врската меѓу Кет и Диди траела околу една година. Манекенката тврди дека раперот во тоа време ѝ се заканувал, велејќи и дека „не сака таа да заврши како неговата поранешна Кеси“.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, во 2021 година, Кет и Диди се сретнале во неговата куќа во Малибу, каде што раперот наводно ја принудил на секс откако не можел да заспие.

– Тоа беше едноставно страшно, да бидам искрена, бидејќи неговиот тон и сè друго се промени. Не се согласив… Не ја препознав личноста кое излезе од бањата и ме разбуди. Не го препознав и знаев дека никогаш повеќе нема да го видам – опишала Кат, пренесува „Пејџ сикс“.

– Се чувствував толку мало и безначајно бидејќи таа личност имаше толку многу моќ и ресурси, и сите тие луѓе. Беше многу страшно. Во исто време, мислам дека требаше подобро да знам. Во тоа е срамотата – заклучила манекенката.

- Advertisement -
Ad image

Меѓутоа, тоа не бил крајот на нејзиниот контакт со Диди, бидејќи Кет тврди дека раперот подоцна ѝ се заканувал со депортација во Канада преку телефон. Кон крајот на разговорот, тврди таа, му рекла дека е демон, по што Диди ја спуштил слушалката.

За потсетување, раперот Шон Комбс неодамна поднесе тужба за клевета од 50 милиони долари против Кортни Барџис, човек кој претходно тврдеше дека добивал видеа од злогласните забави на Диди.

Во тужбата, до која дојде „Пејџ сикс“, се наведува дека обвинетите намерно измислиле и ширеле лажни тврдења за Диди заради финансиска корист и дека NewsNation ги пријавил тврдењата без да потврди дали информациите се вистинита.

Share This Article