Огромна експлозија се случи во близина на трговскиот центар за храна Шенијанг Дадонг во Кина, што предизвика паника кај граѓаните, а има многу повредени.
Сведоците опишуваат драматични сцени од местото на настанот, каде повредените лежеле на улица, додека другите панично бегале.
Снимките кои брзо се појавија на социјалните мрежи покажуваат хаотични сцени – повредени граѓани лежат на улиците, додека густ чад се издига над местото на експлозијата.
Луѓето се во паника и се обидуваат да најдат безбедно место, додека службите за итни случаи реагираат брзо.
Интересно, кинескиот претседател Си Џинпинг го посети овој трговски центар пред само три дена.
Сѐ уште не се познати деталите за причината за експлозијата и точниот број на жртви.
Tagged as:
не е позната бројката на загинати Повредени лежат на улица
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
