Background

Онкологија се жали дека нема доволно персонал

постојан пораст и дека  однапред најпрецизно не може да се предвиди и определи динамиката на потрошувачката, но дека како Клиника располага со преглед на потрошувачка на количините за постојните пациенти.

Клиниката за онкологија соопшти дека е на располагање за обезбедување регистар во форма неопходна за потребите на Фондот за здравствено осигурување со цел обезбедување јасен и транспарентен начин за евиденција на биолошката терапија.

Ставот на стручниот колегиум на Клиниката е дека генеричките – постари лекови треба да се стават на Позитивната листа, бидејќи преку условен буџет сѐ уште се набавуваат лекови постари од 20 години кои не се иновативна терапија.

- Advertisement -
Ad image

– Додека нема скрининг програми што се функционални во пракса, а не само на хартија, бројот на пациенти со напредната – метастатска болест само ќе се зголемува. Следната година се очекува поголем број пациенти. Исто така, стручниот колегиум на УКРО е на мислење дека регистарот за рак ќе остане нефункционален додека не се обезбеди адекватен кадар – оддел, за континуирано ажурирање на податоците, со оглед на обемот на работа во овој сегмент и преоптовареност на постојниот персонал на клиниката, кој и покрај недостигот со што се соочуваме, пружа натчовечки напори за третман и нега на нашите пациенти. Исто така, нефункционалност на сите останати онколошки одделенија на територија на државата, а истите имаат одреден кадар и просторни можности – наведуваат од Клиниката.

Еден од предлозите е Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство да ја тендерираат набавката на лекови од условен буџет според реалните потреби на Клиниката и останатите онколошки одделенија.

Оттаму појаснуваат дека на оваа Клиника има јасен преглед на пациенти заболени од канцер по различни туморски локализации, односно има јасен увид во протокот на пациенти во амбулантско поликлиничкиот дел, дневната болница и болничките оддели. Велат дека има систем за следење на пациентите и се една од првите клиники во јавното здравство во државата што од 2006 година има свој болнички информатички систем што редовно се надградува и се синхронизира со потребите на националниот систем за упатување и евиденција во здравството, „Мој термин“.

– Во однос на стручниот колегиум, важно е да се истакне дека последниве две години функционира во полн состав по подолг застој. Исто така, воведен е и онколошки конзилиум на кој се разгледуваат сите пациенти на кои им се препишува биолошка терапија за вклучување и/или следење на ефикасноста на терапијата – истакнуваат од УКРО.

Од оваа Клиника се надеваат дека неопходните согласности за договор на дело ќе бидат процесуирани и одобрени од страна на надлежните институции со цел зајакнување на кадровскиот потенцијал на Клинката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation