Американскиот национален интерес ќе биде главната цел на американската надворешна политика во овој мандат, а приоритет ќе биде да се запре масовната имиграција и да се обезбеди границата, изјави денеска американскиот државен секретар, Марко Рубио.
Тој нагласи дека Стејт департментот ќе ја донесува секоја одлука со цел да ги направи САД побезбедни, посилни и попросперитетни.
Рубио вели дека Стејт департментот нема да презема активности кои ја олеснуваат или ја поттикнуваат масовната миграција, како и дека ќе се залага за враќање на илегалните мигранти во нивните матични земји.
„Мораме да престанеме со цензурата на информациите“, рече Рубио, нагласувајќи дека во наредниот период ќе ги поддржува и ќе ги брани правата на Американците на слобода на говор така што ќе се откажат сите програми кои на кој било начин водат кон цензура.
Рубио посочи и дека Стејт департментот ќе ја искористи дипломатијата за да му помогне на Трамп да го исполни ветувањето за враќање на енергетската доминација на САД.