„Во незгодата во Словенија животот го загубиле три лица , едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани“.
Вака информираше Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија откако македонската Амбасада во Љубљана добила допис од словенечката полиција.
Македонското МНР вели дека случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер. Амбасадата на Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката.
Претходните информации покажаа дека во автомобилот имало пет македонски државјани.
Според првичните информации, камион поради дефект бил запрен во ниша покрај автопатот. Автомобилот удрил во задниот лев дел од неговата приколка.
Лекар констатирал смрт кај три лица на местото на несреќата. Еден од повредените бил пренесен со хеликоптер, а возачот со Итната медицинска помош.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
