Тошковски открива дека има докази за вмешаност, истрагата е во тек

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во моментов се собираат повеќе докази за тоа дали полицискиот службеник кој бил на смена кога Артан Груби ја напуштил државата направил грешка од невнимание или пак тоа било организирано во рамки на одредена група која го организирала бегството, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој гостуваше во „Отворено“ на ТВ 24.

– За ова е отворена истрага и постапува Основното јавно обвинителство и во рамки на она кое ние го имаме како неспорен доказ имаме поднесено кривична пријава за лицето и истото е суспендирано од работа. Во моментов се води и истрага за тоа дали имало некаква комуникација и за каква комуникација станува збор – рече Тошковски.

Тој потенцираше и дека со цел да се спречи токму вакво сценарио биле направени посериозни подготовки и биле ангажирани сите ресурси. Според него на границата имало и други дополнителни служби кои требало да реагираат доколку постои бегство но истите не реагирале бидејќи станувало збор за тајна операција.

– Факт е дека на границата имаше други дополнително пратени служби да регаираат во рамки на евентуалното бегство на предметното лице но исто така факт е дека не знаеја кого треба да стопираат затоа што тоа е дел од полициската оперативна работа. Никој не можел да претпостави дека еден полициски службеник кој што е на позиција, значи да го земе пасошот од одредено лице да го стави на скенер и откако ќе го скенира се појавува на компјутерот пред него дека одреденото лице е на стоп листа, дека наместо да гледа во компјутерот кој што му е основна работа, зошто е инаку на граница, за да продава цвеќиња или да провери дали лицето исполнува услови да ја напушти или да не ја напушти државата, тука тоа никој не можел да го претпостави – изјави Тошковски во „Отворено“ на ТВ 24.

Тој додаде и дека поради тоа што Артан Груби не изразува иницијатива да се врати во државата е доволен показател за тоа дали е виновен или не.

Share This Article