Неколку часа откако Доналд Трамп официјално стана претседател на САД, кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин одржаа онлајн средба, на која се договорија за дополнително зајакнување на билатералните односи, објавија државните медиуми во двете земји.
Нарекувајќи го Си Џинпинг „драг пријател“, Путин рече дека Русија и Кина ги градат односите „на основа на пријателство, заемна доверба и поддршка“ и покрај надворешниот притисок, јави денеска Би-Би-Си.
Си го повика Путин „да продолжи да ја продлабочува стратешката координација, да ја зајакне меѓусебната поддршка и да ги штити легитимните интереси“.
Путин му рекол на Си дека секоја резолуција за руско-украинската војна „мора да ги почитува руските интереси“, изјави за новинарите советникот за надворешни работи Јуриј Ушаков по разговорите на двајцата лидери.
– Путин и Си ја потврдија својата подготвеност да градат односи со САД на основа на заемна корисна и почит, доколку тимот на Трамп покаже интерес – рече Ушаков.
Тој, сепак, рече дека разговорот „во никој случај не е поврзан со инаугурацијата на Трамп“.
Разговорот траеше околу час и половина, а Путин и Си разговараа и за состојбите на Блискиот Исток, Јужна Кореја и Тајван, според Ушаков.
Кинеските државни медиуми објавија дека Си исто така изразил подготвеност да работи со Путин како одговор на „надворешните неизвесности“, без да навлегува во детали.
Кина најави дека ќе ги брани своите „национални интереси“ откако американскиот претседател Доналд Трамп Трамп изјави дека царина од 10 отсто за увоз на кинески стоки може да биде воведена од 1 февруари.
– Отсекогаш верувавме дека нема победници во трговска војна или војна за царини – рече портпаролката на кинеското Министерството за надворешни работи Мао Нинг.
Taa доаде дека Кина е „цврсто посветена на заштитата на националните интереси“.