„Да ја одржиме врската со Македонците ширум светот“.
Ова денеска на Фејсбук го порача премиерот Христијан Мицкоски по посетата на црквата „Св. Никола“ во Њу Џерси.
„Во посета на црквата Св. Никола во Њу Џерси. Мојот приоритет е да ја одржиме врската со Македонците ширум светот. Освен посветеноста, работливоста, наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија“, напиша Мицкоски.