Background

Зеленски бара сериозни гаранции за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најмалку 200.000 сојузнички војници ќе бидат потребни за да се спроведе каков било мировен договор во Украина и ја повика Европа „да се грижи за себе“ додека Доналд Трамп е на власт во САД, пишува „Гардијан“.

Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски рече дека европските лидери не треба да се прашуваат што ќе направи Трамп следно, и рече дека наместо тоа, треба да преземат колективни чекори за да го одбранат својот континент во време кога тој е под агресивен напад од Русија.

– Европа мора да се етаблира како силен, глобален играч, како незаменлив играч – рече украинскиот претседател.

Курск е поблиску до Давос отколку до Северна Кореја

- Advertisement -
Ad image

Тој го наведе учеството на севернокорејските трупи во војната на Москва против Киев, при што борбите се водат во регионот Курск во западна Русија, блиску до источната граница на Украина.

– Да не заборавиме дека нема океан што ги дели европските земји од Русија. Европските лидери треба да запомнат дека овие битки во кои учествуваат севернокорејски војници сега се случуваат на места географски поблиску до Давос отколку до Пјонгјанг – рече тој.

Или НАТО или 200.000 странски војници

Украинскиот лидер рече дека најдобрата гаранција за договор за прекин на огнот ќе биде да ѝ се дозволи на Украина да се приклучи на НАТО.

Тој, исто така, даде детали за тоа како би можела да функционира меѓународната мировна операција, доколку може да се постигне договор меѓу Украина и Русија, велејќи на панелот за интервју дека ќе биде потребна голема група.

– Од сите Европејци? 200.000, тоа е минимум. Тоа е минимум, инаку не е ништо – рече тој.

Нема шанси да се намали украинската војска

Првиот ч0век на Украина ја отфрли можноста за намалување на армијата на Украина на една петтина од нејзината бројка од 800.000 војници , едно од барањата на Кремљ.

– Тоа е она што тој (Путин) го сака. Нема да дозволиме тоа да се случи – истакна Зеленски, додавајќи дека неговиот тим работи на организирање средба со новиот американски претседател Доналд Трамп.

Трамп вети дека брзо ќе стави крај на конфликтот. Говорејќи по неговата инаугурација во понеделникот, шефот наС АД рече дека Владимир Путин ја „уништува“ Русија и дека треба договор.

Зеленски истакна дека каков било договор за прекин на огнот зависи од западните безбедносни гаранции.

Гаранции од Макрон, Стармер и од Варшава

Повеќето европски земји-членки го поддржуваат членството на Украина во НАТО, на на ова се противат САД, Германија, како и проруските влади на Унгарија и Словачка.

Во последните недели Зеленски разговараше со неколку европски партнери за можна мировна мисија, вклучително и францускиот претседател Емануел Макрон и Кир Стармер, кој го посети Киев минатата недела. Тој имаше разговори и со Полска и балтичките земји.

„Русите можат да соберат 1.5 милион луѓе“

Во своето обраќање во Давос, Зеленски ги повика земјите од ЕУ да трошат повеќе на технологијата и одбраната, особено во производството на беспилотни летала и модерни системи за противвоздушна одбрана.

Тој рече дека Русија мобилизирала 600.000 војници во Украина и дека може да собере 1,5 милиони луѓе – сила неколку пати поголема од која било поединечна европска национална армија.

– Сите ние треба да се обединиме. Европа треба да научи како целосно да се грижи за себе, така што светот не може да си дозволи да го игнорира тоа – заклучува Зеленски.

Путин ќе се врати со 10 пати поголема армија?

Киев долго време тврди дека ако Путин победи во војната во Украина, тој ќе продолжи да напаѓа други нации.

– Русија беше трансформирана во воена економија и ја надминува Европа во воена смисла. Оставен неконтролиран, Путин ќе се врати „со 10 пати поголема армија од сега и ќе ги проголта независните држави кои порано му припаѓаа на Советскиот Сојуз – предупреди шефот на Украина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation