Најмалку 76 лица ги загубија животите во пожарот што вчера рано наутро избувна во хотел во ски-центарот Карталкаја, во северна Турција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најмалку 76 лица ги загубија животите во пожарот што вчера рано наутро избувна во хотел во ски-центарот Карталкаја, во северна Турција, јавија турските медиуми.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека бројот на загинати во пожарот се искачи на 76.

Претходно беше соопштено дека во пожарот е повредено 51 лице, од кои еден е во критична состојба. Седумнаесет од нив по укажаната лекарска помош биле пуштени од болница.

Јерликаја додаде дека во рамките на истрагата за пожарот во хотелот досега се уапсени девет лица.

Пожарот избувна во ски-центарот Карталкаја, кој се наоѓа на приближно 295 километри источно од Истанбул.

На местото на несреќата беа испратени бројни служби за итни случаи од соседните градови, вклучително и пожарникари, тимови за одговор при катастрофи и медицински тимови, поддржани од хеликоптери. Од хотелот се евакуирани околу 230 луѓе, а истрагата за причините за пожарот е во тек.

Карталкаја, која се наоѓа во провинцијата Бол, е една од најважните зимски туристички дестинации во Турција, привлекувајќи илјадници посетители за време на скијачката сезона.

Во Турција е прогласен национален ден на жалост, потврди претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Share This Article