Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека најверојатно ќе воведе санкции против Русија доколку нејзиниот лидер Владимир Путин одбие да преговара за крај на војната во Украина.
Трамп не даде детали за можни дополнителни санкции.
САД веќе воведоа сериозни санкции против Русија поради нејзината инвазија врз Украина во февруари 2022 година.
Според Трамп, неговата администрација размислува и за испраќање оружје во Киев.
Американскиот претседател додаде дека ЕУ мора да направи повеќе за да ја поддржи Украина.