Најмалку 16 лица загинаа, а десет се повредени во лизгање на земјиштето предизвикано од обилните врнежи во Индонезија, соопштија полициски претставници.
Свлечиштето ја погоди централната провинција на големиот индонезиски остров Јава.
Најмалку пет лица се водат како исчезнати, а акцијата за спасување е во тек.
Одроните се вообичаени во индонезискиот архипелаг за време на дождовната сезона, помеѓу ноември и април.