Поранешниот српски фудбалер Душко Тошиќ во неделата наполни 40 години, а роденденот го прослави во кругот на семејството во еден ресторан во Белград.
Тошиќ на својот инстаграм-профил сподели неколку фотографии, од кои две се издвојуваат.

На едната фотографија Душко позирал со ќерките Атина и Ника, кои ги доби во бракот со Јелена Карлеуша, додека на другата биле сите тројца со другите членови на семејството.
Да потсетиме, неговата поранешна сопруга Јелена Карлеуша неодамна за српски „Телеграф“ зборуваше за нивниот развод. Иако, како што рекла, за нивниот брак не може да каже ништо добро, поради почит кон љубовта која нивните девојчиња ја имаат кон својот татко, таа се држи до одлуката дека за него никога ништо лошо нема да каже.
Tagged as:
Поранешниот српски фудбалер Душко Тошиќ во неделата наполни 40 години
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
