Лорен Санчез, 55-годишната свршеница на милијардерот Џеф Безос, предизвика бурни реакции поради стајлингот во кој таа се појави на инаугурацијата на Доналд Трамп во Капитол. Санчез го украде шоуто во бел костим под кој се гледаше бел градник од тантела, а гледачите коментираа дека нејзината облека е несоодветна за таков настан.
Свршеницата на Безос го привлече вниманието и на Марк Закерберг, кој седеше до неа, со својот аутфит, а гледачите забележаа дека во еден момент неговиот поглед заталкал кон нејзиното деколте, што беше доволно за да започне виралното исмејување.
„Закерберг фатен како гледа во деколтето на свршеницата на Безос на директен пренос“, „Погледни горе, Зак“, „Можеби Закерберг сепак е човек?“, „Тој е спремен да ризикува сè“, „И типот зад нив погледна“, се само дел од коментарите на социјалната мрежа Икс.
За тоа време, сопругата на Марк Закерберг (40), Присила Чан (39) пркосно седеше на инаугурацијата на Трамп додека нејзиниот сопруг разменуваше шеги со Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос. Фотографите во неколку наврати ја фатиле Присила со сериозно лице, додека Марк разменува насмевки (и повремен поглед) со 55-годишната Лорен.