Американскиот претседател во заминување Џо Бајден и неговата сопруга Џил Бајден на црвен тепих ги пречекаа новоизбраниот претседател и новата прва дама Доналд Трамп и Меланија Трмап во Белата куќа.
Бајден и Трамп, заедно со нивните сопружници, се очекува да се напијат чај во Белата куќа, по што претседателот во заминување ќе го придружува новоизбраниот претседател до Капитолот на САД на церемонијата на положување заклетва.
Ова е традицијата која датира од 1837 година. Новоизбраниот претседател и претседателот во заминување треба да одржат кратка средба.
Претходно Трамп и Меланија и новоизбраниот потпретседател на САД Џеј Ди Венс и неговата сопруга беа на богослжува во епископската црква Св.Јован на приватна богослужба во епископската црква „Свети Јован“ во близина на Белата куќа.
Историската црква „Свети Јован“ во Вашингтон, често е нарекувана „Претседателската црква“.