Косовец не ја пријавил робата на царина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против фирма од Косово со подружница во Скопје и нејзиниот управител за кривично дело – Криумчарење од член 278 од Кривичниот законик.

На 16 јануари, обвинетиот косовски државјанин се обидел да избегне царинска контрола, така што во камионот со косовски регистарски ознаки кој пренесувал стока за правното лице преку граничниот премин Блаце биле ставени вкупно 48.000 пара чорапи кои не биле наведени во фактурите и во царинската декларација.

„Царинските службеници при проверка ја пронашле и ја одзеле недекларираната стока во вкупна вредност од 365.280 денари“, информираше Јавното обвинителство.

Share This Article