Преговорите на Комората со Владата биле макотрпни

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ставот на Стопанската комора е секоја компанија да може да си го добие кредитот. Можеби малку повеќе се одолговлекува од датумот кога требаше да го добијат, но сепак, ние успеавме во нашата намера сите компании да учествуваат во добивање на кредитот, изјави денеска проектниот менаџер на Стопанската комора Наташа Јаневска, прашана за став во врска со доцнењето на исплатата на унгарскиот кредит.

Таа потврди дека имаат блиска соработка со Владата, а според последната информација, сите компании можат да конкурираат за кредитот.

Јаневска дополни дека иако се забавува исплатата на кредитот, тие го добиле тоа што го барале преку преговорите, кои биле макотрпни.

– Имаме блиска соработка со Владата и последната информација од таму е дека сите компании ќе имаат можност да конкурираат за добивање на кредитот, што значи дека можат да го искористат за нивните намени и нивните потреби. Се забавува исплатата на кредитот, но ние бевме упорни во тоа, и го добивме токму тоа што го баравме со преговорите кои што беа макотрпни. Успеавме да го добиеме тоа што беше потребно, за сите наши компании да имаат можност да конкурираат за кредитот – рече Јаневска на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Share This Article