Висок функционер на Хамас денеска изјави дека палестинската исламистичка организација му испратила на Израел список на заложници кои денеска ќе бидат ослободени, пренесоа палестинските медиуми.
Израелски функционер за јавниот радиодифузен сервис Кан изјави дека Хамас на посредниците им ги дал имињата на трите жени.
Претставник на Хамас вклучен во преговорите за прекин на огнот претходно изјави дека списокот со заложници ќе биде предаден „во секој момент“, но дека сложената ситуација во Газа и израелското бомбардирање предизвикаа одложување. Официјалниот претставник рече дека „имињата на тројцата заложници ќе бидат предадени во секој момент“.
Прекинот на огнот требаше да започне денеска во 8:30 часот по локално време.
Израелската војска потврди дека ги обновила нападите врз Газа, додавајќи дека погодила терористички цели во северниот дел на централна Газа. Борбени авиони извршуваат серија воздушни напади, објавија израелските медиуми.
Цивилната одбрана на Газа објави дека осум Палестинци се убиени утрово.
Нападите продолжија откако почетокот на прекинот на огнот беше одложен и Израел го обвини Хамас дека не ја исполнил својата обврска да го предаде списокот на заложниците што требаше да бидат ослободени првиот ден.
Хамас го објасни доцнењето со технички причини.