Првата жена на ЕУ не е поканета на инаугурацијата, Мелони и Милеи треба да го водат шоуто

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Првата жена на Европската унија, претседателка на ЕК Урсула Фон Дер Лајен, лидерката на француската десничарска опозиција Марин Ле Пен и нејзиниот штитеник Џордан Бардела се меѓу челниците на Европа кои не се поканети да го видат стапнувањето на идниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа во понеделник.

Наместо Фон дер Лајен, шоуто од Европа ќе треба да го „води“ Џорџа Мелони, која неодамна го посети имотот на Трамп на Флорида, а тој ја нарече фантастична жена. За разлика од Мелони, од чиј кабинет рекле дека ќе присуствува ако стигне со обврските, аргентинскиот десничарски премиер Хавиери Милеи веќе го потврди присуството на настанот наречен „Гласови на слободата“.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата, потврдија од владата на 10 јануари.

Бриселски „Политико“ пишува дека на настанот ќе се „наредат“ лидерите на десничарските популистички партии во Европа, како што е Алис Вајдел, предводничка на екстремната АфД во Германија или премиерот на Унгарија Виктор Орбан, наречен лошо момче на европската политика.

Сепак, Вајдл и Орбан нема да успеат да стигнат на инаугурацијата, според нивните кабинети.

„Боите на Германија“ ќе ги бранат Јирген Хард, портпарол за надворешна политика на конзервативната Христијанско-демократска унија, како и пратеникот на Берлин во САД, Андреас Михаелис. Евроамбасадорката во САД Јовита Нелиупшиене ќе ја претставува унијата на настанот.

Наместо Марин Ле Пен, која е докажана десничарка, „огнот“ на Франција ќе го одбрани „челникот на антиимиграцијата“ Ерик Земур. Поканети се и Белгиецот Том Ван Грикен и поранешниот полски премиер Матеуш Моравјецки, кои се судрија со Брисел во долг спор за владеење на правото. Моравјецки потврдил дека ќе дојде.

Белата куќа ги поканила и лидерот на шпанската ултранционалистичка партија Воск и шефот на португалските десничари Чега.

„Првиот човек на Брегзит“, британскиот анти-ЕУ популист Најџел Фараж го потврди присуството и покрај тоа што имаше јавна расправија со блискиот соработник на Трамп, милијардерот Илон Маск.

- Advertisement -
Ad image

Илон Маск се очекува биде на видно место на насатнот како еден од тројцата техномилијардери кои му се приклонија на Трамп во предизборието, заедно со шефот на Фејсбук Марк Закерберг и газдата на Амазон Џеф Безос.

А кој ќе дојде од големите моќници?

Трамп не го покани својот руски колега Владимир Путин на инаугурацијата,  според изјавите на портпаролот на Кремљ од 12 декември, а Путин ниту официјално не му честиташе за победата на изборите иако кажа убави зборови за него.

- Advertisement -
Ad image

Од друга страна, прес-секретарката на Трамп тврди дека е поканет кинескиот претседател Си Џинпинг да присуствува.

Трамп на 17 декември изјави дека „Си Џинпинг кажа дека нема да дојде, но ќе дојде. Зеленски не го поканив, но… може да дојде (непоканет)“.

Пекинг уште не одговорил на наводите за покана, но западните медиуми анализираа дека Џинпинг нема да дојде затоа што не сака да биде спуштен на ниво со другите светски лидери и дека преферира лично да го посети Трамп.

МИЦКОСКИ ЌЕ ГО ПРЕТСТАВУВА БАЛКАНОТ 

 

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата како лидер од Балканот. Од Владата посочуваат дека можни се и повеќе други средби.

За време на престојот во Вашингтон, македонскиот премиер треба да се сретне со Хауард Лутник, копретседавач на тимот за транзиција на претседателот Доналд Трамп и министер за трговија, Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација и со извршниот директор на Рамбл, Крис Павловски.

– Покрај Брисел, Вашингтон е исклучително значајно место за нас како држава и за нас како Влада. Очекувам да го привлечам вниманието за САД да гледаат кон Балканот со поинваква оптика. Мора прво регионално да го привлечеме вниманието – Вашингтон да гледа кон нас како регион, а не како единка во тој регион – изјави Мицкоски во интервју.

Министерот за транспорт Александар Николоски синоќа во телевизиско интервју информира дека тоа што премиерот Мицкоски доби покана да присуствува на инаугуирацијата на Трамп е огромна и ретка работа, и веројатно од регионот е единствениот што ќе присуствува.

Ова ќе биде втора инаугурација на Доналд Трамп, кој ќе биде 47. претседател на Соединетите Американски Држави.

Share This Article