Управата за јавни приходи ги потсетува вршителите на дејност кои водат деловни книги и даночните обврзници за данокот на добивка кои во текот на 2024 набавиле и ставиле во употреба до 10 фискални системи на опрема односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, најдоцна до 20-ти јануари до Управата за јавни приходи да побараат одобрение за ослободување од данок на добивка и и намалување на данокот на личен доход.
Како што се наведува во соопштението тие треба да поднесат две барања:
1.Барање за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување (образец „ДЛД-02“), заради намалување на пресметаниот данок на личен доход во Годишниот даночен биланс за 2024 (образец „ДЛД-ДБ“), кое се поднесува електронски преку https://e-ujp.ujp.gov.mk или во хартиена форма до архивата на организациската единица на УЈП и
2.Барање за издавање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на добивка по основ на воведување и користење фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување (образец „ДД-07″), заради намалување на пресметаниот данок на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивката за 2024 година (образец „ДБ”), електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/ или во хартиена форма до архивата на организациската единица на УЈП.
„Во прилог на барањата ДЛД-02 и ДД-07 задолжително се поднесува, односно прикачува: копија од фактура/и за извршена набавка на фискален систем на опрема и/или друг доказ за извршена набавка на фискален систем на опрема.
Од УЈП информираат и дека фирмите кои нема да го искористат правото на намалување на пресметаниот данок на личен доход, односно данок на добивка за 2024 година, може да го пренесат за следните периоди, сѐ до неговото целосно искористување.
За дополнителни информации или поддршка во врска со барањата ДЛД-02 и ДД-07 може да се обратите до Контакт центарот на УЈП на:е-пошта: info@ujp.gov.mk. Телефонски броеви: 0800 33 000 и 02 3253 200