Русија нападна со повеќе од 40 проектили Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека руските сили лансирале повеќе од 40 проектили. Пристигнаа и првите снимки од последиците од нападот, на кои се гледа џиновски кратер од руски проектил во регионот Лавов во западна Украина.
„Целта за Русите е непроменета: нашиот енергетски сектор. Целта беше гасната инфраструктура и енергетските капацитети кои обезбедуваат нормален живот на луѓето. Беа лансирани повеќе од 40 проектили, вклучително и балистички. Најмалку 30 од нив беа соборени. Беа лансирани и повеќе од 70 руски дронови“, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Украина во вторникот со дронови го нападни гасоводот Турски тек и повеќе воени и индустриски локации и го нарече најголем напад од почетокот на војната. Руското Министерство за одбрана се закани со одмазда.
Властите во западна Украина денеска објавија дека критичната инфраструктура била погодена во „масивен“ руски ракетен напад. На удар се региониоте Чернихив на северот, Полтава во централна Украина и Миколаев на југот од земјата.
Група стратешки бомбардери Ту-95МС учествуваше во нападот утринава, кој полета од аеродромот Олења во областа Мурманск.
Покрај тоа, Русите лансираа балистички ракети од регионот на Белгород. Засега нема извештаи за жртви или за материјална штета.
Украинските воздухопловни сили известија дека руските сили користеле крстосувачки ракети Kх-101, Кх-22 и Калибр во нападот утринава. Проектили беа истрелани и кон родниот град на Зеленски, Криви Рих.
За среќа нема жртви, извести шефот на воената управа на Ивано-Франковск. Регионот Лавов и неговата енергетска инфраструктура беа нападнати со крстосувачки ракети. Штетата се уште се проценува .Во шест региони се воведени вонредни прекини на струја.
Во меѓувреме, Полска ги крена своите авиони и е на готовс. Зеленски допатува во Варшава за да се сретне со полскиот премиер Доналд Туск. Двете земји ги надминаа разликите во спорот од Втората светска војна.
Полска соопшти дека повеќе од 100.000 Полјаци биле убиени во масакрите на украинските националисти во текот на Втората светска војна. Илјадници Украинци, исто така, загинаа како одмазда.