Свештеници во Италија се сомничат за убиство од небрежност

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новороденче замрзнало до смрт во црква во Бари во Италија, а можна причина е фактот што сензорите на лулката во која се наоѓало бебето не се вклучиле, пишуваат локалните медиуми. Оваа хипотеза произлезе по тричасовна консултација одржана во понеделник, 13 јануари, во просториите на црквата Сан Џовани Батиста.

Сигналот од сензорите дека греењето е започнато требало да ги добие свештеник како известување на својот мобилен телефон. Тоа очигледно не се случило, пренесува НДТВ.

Свештеникот Дон Антонио Руќа и техничарот Винченцо Нанокио, кои на 14 декември извршија поправки на електричните инсталации во црквата, се заедно под истрага за убиство од небрежност. По откривањето на безживотното тело на новороденчето, Дон Руќа изјавил дека телефонот „не му заѕвонил“ тоа утро.

Истражителите ја отфрлија можноста линијата меѓу лулката и телефонот на свештеникот да е прекината поради прекин на струја, а моментално се анализира душекот на кој лежело бебето. Ќе се вештачи и колевката на лулката.

Освен истрага за убиство од небрежност, се води и истрага за напуштање на детето. Парохискиот свештеник тврди дека тоа можеби веќе било мртво кога го ставиле во лулката.

Бебето тежело 2,8 килограми и имало помалку од еден месец.

Share This Article