Безвременскиот филм од 1992 година на легендарната актерка Шерон Стоун, „Основен инстинкт“, кој заработи неверојатни 352 милиони долари, криеше многу тајни кои публиката долго време не ги знаеше додека главната актерка и режисерот не открија непознати детали зад сцената. Достигнувањето дури го доби епитетот на контроверзно.
Филмот чинеше 49 милиони долари, а дури и пред неговото прикажување во кината тој предизвика контроверзии поради сцените на секс, насилство и на силување. Геј активисти протестираа поради тоа што на големото платно бисексуална жена беше претставена како психопат.
– Го замолив мојот пријател да легне покрај мојот кревет додека ја снимав таа сцена и да ми кажува шеги. Имаа дури и болничар на снимање со маска за кислород, бидејќи се чувствував како да ќе се онесвестам додека го снимав. Им реков дека сакам да го снимам сето тоа одеднаш и да ги изгаснат сите светла. Кога ги вклучија светлата, режисерот Пол Верховен беше толку исплашен што за малку ќе паднел од столот – неодамна изјави актерката во врска со насилната сцена каде што убива со кршач за мраз, додавајќи:
Режисерот одлучил да вклучи контроверзна секвенца во филмот кога Шерон ги раширува нозете и открива дека не носи долна облека за време на полициското испрашување.
Актерката подоцна изјавила дека нејзините гениталии биле снимени без нејзино знаење.
– Таа сцена ја немаше во сценариото – тврди Стоун.