Вашингтон нуди грдни пари за информации за функционери во Венецуела

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Venezuela's President Nicolas Maduro gestures during a meeting with Chile's Ambassador to Venezuela Jaime Gazmuri, at Miraflores Palace, in Caracas, Venezuela August 16, 2023. REUTERS/Leonardo Fernandez Viloria/File Photo
- Advertisement -
Ad image

САД вчера воведоа санкции за 8 венецуелски функционери и ја зголемија наградата, што ја нудат за апсење на претседателот на земјата, Николас Мадуро, на 25 милиони долари, на денот на неговата инаугурација за трет мандат по спорните избори одржани минатата година, пренесуваат британските медиуми.

САД понудија и награди за информации, што ќе доведат до апсење или осудување на министерот за внатрешни работи, Диосдадо Кабело, а понудена е и нова награда до 15 милиони долари за министерот за одбрана, Владимир Падрино, јави Би-Би-Си.

САД санкционираа 8 венецуелски функционери, вклучително и неодамна назначениот директор на венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА, Хектор Обрегон, и министерот за транспорт, Рамон Веласкез.

Во исто време, Велика Британија санкционираше 15 лица поврзани со режимот на Мадуро, вклучително и судии и службеници од безбедносните и воените сили, за наводно кршење на човековите права и за поткопување на демократијата и владеењето на правото.

Британската влада објави дека целта на санкциите е одговорните за човековите права и антидемократските активности да се изведат „пред правдата“.

Земјите-членки на Европската унија ги проширија санкциите против Венецуела на 15 нови членови на Националниот изборен совет, судството и на безбедносните сили на земјата.

Во моментов, во Венецуела, вкупно 69 лица се предмет на санкции на ЕУ, кои вклучуваат замрзнување на имотот и забрана за патување во ЕУ, пренесоа британските медиуми

Претседателот Николас Мадуро и неговата влада секогаш ги отфрлаа санкциите на САД и на другите земји, тврдејќи дека тие се „нелегитимни“ и претставуваат „економска војна“ насочена кон ослабување на Венецуела.b

Share This Article