Пристигнаа новите цени на горивата, па од денеска во 15 часот, литар евро дизел на бензинските пумпи во Србија ќе чини 201 динар, а бензин Еуропремиум БМБ ќе чини 184 динари.
Новите цени на горивата ќе важат до следниот петок на 17 јануари до 15 часот, објави Блиц.
Дизелот минатата недела чинеше најмногу 199 динари, а бензините 182 динари за литар. Тоа значи дека горивата повторно поскапеа, и дизелот и бензините за по два динари.