Џејми Ли Кертис донираше милион долари за оштетените во пожарите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Познатата актерка Џејми Ли Кертис донираше милион долари во фонд за оштетените во разорните шумски пожари кои веќе четврт ден беснеат во Лос Анџелес, јави Ројтерс. Гостувајќи во шоуто на Џими Фалон таа објасни дека заедно со сопругот и децата за да се основа фондот.

– Местото каде што живеам е во пламен во моментов. Гори целaта област Пасифик Палисадес. Сè отиде, па и училиштата во кои одат моите деца. Многу, многу, многу пријатели ги загубија своите домови. Едноставно, тоа е катастрофа – рече Кертис.

Досега 10 лица загинаа во пожарите во Калифорнија, а илјадници се оштетени. „Џеј Пи Морган“ ги процени штетите на 50 милијарди долари.

Share This Article