Словачка ќе добива гас директно од Русија

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека на Словачка и обезбедил резерви од гас за време на посетата и средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва минатиот месец, пред Украина да го прекине транзитот на гас од Русија на почетокот на 2025 година.

– Морав да обезбедам гас барем за домашната словачка потрошувачка – што го обезбедивме – рече Фицо во видео објавено на Фејсбук.

Тој не откри повеќе детали за договорот за гас, а владината канцеларија не одговори веднаш на барањето за коментар.

Фицо го обвини Киев дека ѝ штети на Словачка со тоа што одби да го продолжи договорот за транзит на руски гас, што истече на крајот на 2024 година, и се закани дека ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија за Украина и ќе ја намали помошта за бегалците.

Од прекинот на испораките преку Украина, Словачка продолжува да добива гас преку Унгарија, која добива руски гас преку турскиот гасовод, покажуваат податоците на словачкиот гасен оператор „Eustream“.

Фицо денеска треба да се сретне со претставници на Европската комисија во Брисел за да разговара за суспензијата на транзитот на гас преку Украина.

Киев соопшти дека со прекинот на транзитот на руски гас, ја лишува Москва од заработката што би ја финансирала војната во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Фицо дека отворил „втор енергетски фронт“ против Украина, по налог на Русија.

ЕК и Словачка договорија формирање Работна група за проблемот со прекинот на транзит на руски гас преку Украина

- Advertisement -
Ad image

Европскиот комесар за енергија и домување Дан Јоргенсен и словачкиот премиер Роберт Фицо денеска во Брисел постигнаа договор за формирање на Работна група на високо ниво за следење на состојбите поврзани со прекинот на транзит на руски гас преку територијата на Украина, од што најмногу се погодени Словачка и Молдавија.

– Се договоривме да формираме Работна група на високо ниво за следење и идентификување на опциите врз основа на заедничка проценка на ситуацијата и да видиме како ЕУ може да помогне – се наведува во заедничката изјава од билатерална средба меѓу Јоргенсен и Фицо.

Во изјавата се вели дека двајцата соговорници имале „добра и отворена дискусија“ за енергетската ситуација и пошироките импликации од прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина.

- Advertisement -
Ad image

– Словачка и Европската комисија ќе продолжат внимателно да разговараат за овие прашања, и на политичко и на техничко ниво – се додава во изјавата.

Властите во Братислава претходно најавија дека за во вторникот во Брисел била закажана средба меѓу претставници на ЕК, Словачка и Украина посветена на прашањето со прекинот на транзит на гасот, но во понеделникот беше соопштено дека состанокот е откажан откако украинската страна најавила оти нема да присуствува на него.

Европската комисија ниту ја потврди, ниту негираа информацијата за оваа средба, само посочи дека одржува контакти на политичко и на техничко ниво со сите страни засегнати од прекинот за транзит на руски гас преку украинска територија.

Share This Article