Принцезата Kејт Мидлтон денеска го слави својот 43-ти роденден. По најтешката година зад себе, принцезата го прославува роденденот, опкружена со најблиските, а нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, ѝ честиташе со најемотивната порака досега.
Имено, на официјалниот профил на Инстаграм на принцот и на принцезата пристигна порака од Велс којашто никој не ја очекуваше. Наместо формална честитка во која се споменуваат нејзината титула и возраст, според многумина, следеше неочекуван излив на емоции од принцот Вилијам.
„На најневеројатната сопруга и мајка. Силата што ја покажа во текот на изминатата година е извонредна. Џорџ, Шарлот, Луис и јас сме толку горди на тебе. Среќен роденден, Кетрин, те сакаме”, напиша принцот Вилијам во честитката.
Со роденденски честитки се придружија и кралот Чарлс и кралицата Камила, кои објавија фотографија на заедничкиот профил на Инстаграм на кралското семејство и испратија топли зборови. Тие споделија фотографија од Кејт од божикната забава во Сандрингем, на која таа е во прекрасен темнозелен фустан со букет цвеќе.
Тие напишаа кратка честитка: „Среќен роденден на принцезата од Велс“.
Tagged as:
Принцот Вилијам им ги стопи срцата на сите со својата трогателна честитка
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
